Фустани со потпис на „Гугл“?!

15 февруари 2017

Покрај новите трендови, на актуелната модна недела во Њујорк се јавуваат и иновативни идеи.

Една од највпечатливите вести е таа дека „Гугл“ ќе биде дел од дизајнерскиот процес на фустан и тоа според вашите податоци.

За што се работи?

„Гугл“ ги здружи силите со брендот „Ivyrevel“, заедно со поддршка на H&M и PayPal, за да креираат персонализирани фустани, а на основата на личните податоци од вашиот мобилен.

Креацијата ќе се вика Data Dress и ќе се дизајнира според податоците што ќе се соберат од мобилниот преку специјално осмислена Андроид апликација.

„Технологијата учи од вашите активности. Таа разбира што сакате и каде сакате да одите, какво време ќе ве следи, но и вашата физичка активност. Алгоритамот тогаш собираните информации, ги анализира и генерира уникатно, персонализирано парче облека, кое пак преку апликацијата можете да го купите“, вели Кенза Зоутен, ко-основач на брендот „Ivyrevel“.

Повеќе и во видеото во продолжение:

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
244 пати