„Паметните“ очила ќе станат најпосакувани во 2015 година

26 март 2014

Сергеј Брин ко-основач на Гугл Сергеј Брин ко-основач на Гугл

Најголемиот светски произведувач на очила, италијанска компанија „Luxottica“ која контролира 80 проценти од големите брендови како „Реј Бан“,  „Persol“ и  „Oakley“, откри дека ги здружува силите со американската мултинационална корпорација Гугл, за заедничко лансирање на паметни очила или најновото достигнување на техниката, „Google Glass“.

Станува збор за очила чиј прототип беше изработен минатата година и стана еден од најпосакуваните аксесоари кои имаат функција како компјутер на вашето лице. Овие очила можат да снимаат видео, преку нив да провериувате е-маил, и да добивате информации од интернет преку безжично вајрлес поврзување.

Договорот ќе им овозможи на Luxottica да бидат првите што ќе  ја покажат новата технологија на милиони потенцијални потрошувачи, иако Гугл  допрва треба да ги совлада предизвиците како што се истрајноста на батеријата и стравувањата поврзани со приватноста  на корисникот.

-Ние веруваме дека е голем предизвикот,  а исто така и убедлив  потрошувачите да носат компјутери на нивното лице што технологијата веќе го овозможува, вели УСБ аналитичарот Фред Спирс.

Се очекува новите очила да се појават на пазарот во 2015 година по цена од 1500 долари. Американците веќе го пробаа прототипот на моделот кој веќе е популарен иако е доста скап.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци