„Golden Reins“ на Елена Лука во Музеј на ВМРО

31 март 2014

На 3 – ти април, 2014, во 20 часот, во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“, „Елена Лука“ ќе и ја открие на јавноста новата колекција наменета за сезоната пролет/лето 2014, која го носи името „Golden Reins“.

Имено, станува збор за колекција при чија изработка се употребени висококвалитени материјали, игра со тантели и силни контрасти во текстурата, формата и конструкцијата. Секој модел ја нагласува автентичноста играјќи со форми, притоа оставајќи свој белег и лик и мекост во изборот на завршната линија од креацијата, која е синоним на женственоста, автентичноста и раскошот. Покрај елегнатните парчиња облека, за оваа колекција, наменски се искреирани и изработени чанти и чевли кои го носат потписот „Елена Лука“

„Значењето на името „Golden Reins“ или „Златни Узди“ на новата колекција  претставува суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети креациите на Елена Лука. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите креации“ – изјави Елена Лука.

За „Golden Reins“ се изработи и автентичен каталог, токму каков што и доликува на една колекција која е создадена по теркот на светските модни трендови. Елегантноста, креативноста и оригиналноста на „Елена Лука“, овој пат, се заокружи со модерна и невообичаена фотосесија, која го привлече вниманието на граѓаните на Скопје и пошироко.

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Актуел