Елена Лука во промотивна кампања за австрискиот „Cinderella tanzt“

27 мај 2014

Македонскиот моден бренд Елена Лука реализираше уште една успешна интернационална соработка. Имено, се работи за промотивната кампања на Cinderella tanzt (Пепелашка танцува) - Walking on Sunshine, најголемата австриска клупска забава која  ќе се одржи на 28 мај во Casino Baden и Casino Summerlounge, во Баден, Австрија.

Во промотивните фотографии, познати личности од  шоу-бизнисот во Австрија во амбиент кој ја најавува забавата, позираат во ексклузивни венчаници потпишани од Елена Лука, богато украсени со рачни везови кои дополнително го истакнуваат раскошот на венчаниците. Стајлингот е облагороден со уникатните аксесоари од последната колекција на брендот Golden reins, односно златните чевли украсени со златна плочка на која е гравирано логото на Елена Лука со што уште еднаш во преден план се истакнува  автентичноста на модните детали кои Елена Лука ги промовираше во рамките на својата последна колекција.

Програмата на Cinderella tanzt вклучува забавен дел во рамките на кој е најавен музички перформанс на познатата британска музичарка Катрина (Katrina and the Waves) позната по планетарниот музички хит од 1985 одина, Walking on Sunshine, а дополнително програмата ќе биде збогатена и со модни перформанси.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија