Фустаните на Елена Лука дел од престижниот виенски бал во палатата “Hofburg”

6 април 2014

viena

Дел од креациите на модната куќа Елена Лука од колекцијата Далга отпатуваа за Австрија на престижниот и етаблиран хуманитарен бал "Dancer Against Cancer".

Локацијата на случувањето беше во палатата “Hofburg”, каде меѓу значајните австриски личности што ја негуваат традицијата на балот, беше и дел од тимот на „Елена Лука“ и уредничката на fashionel.mk, Марија Мечева.

Во делот предвиден за донации од програмата на балот, модната куќа „Елена Лука“ донираше креација, а со тоа ги поддржа организаторите и нивната хуманитарна цел.

Инаку на настанот присуствуваа повеќе од 3.000 луѓе, а  ексклузивни детали од реномираниот Виенски хуманитарен бал  ќе читате многу наскоро, а ќе дознаете и што изјави организаторката за fashionel.mk.

Објавено:
6 април 2014
Категорија: 
Актуел