Видео: Елена Лука во Виена на хуманитарниот бал „Dancer against cancer“
Престижниот хуманитарен бал „Dancer against cancer“ вклучува ревијален и забавен дел кои се соединуваат со една единствена цел: подигање на свеста кај јавноста и мобилизција на хуманоста во борбата против ракот.
Во ревијалниот дел, еминентни уметници од австриската танцова сцена ги импресионираа гостите со фантастични танцови точки, беа присутни и познати музичари и актери од Холивуд , активисти во борбата против ракот, а кулминацијата се постигна со награди за публиката кои хуманитарно беа донирани од повеќе домашни и странски брендови. Во овој дел од агендата на настанот, македонската модна куќа Елена Лука учествуваше со донација на уникатна тоалета од познатата колекција Далга.
Fashionel ви ги пренесува импресиите и автентичниот амбиент преку ексклузивен видео материјал.