Импресии од Виена: Елена Лука помеѓу познати австриски брендови на „Bride Thing Vienna 2014“

23 февруари 2014

Престолнината на европската култура, градот на импресивната архитектура, домот на Франц Шуберт и Јохан Штраус, и секако домаќинот на најелитните балови, Виена во четвртокот беше домаќин и на престижниот саем за венчавки „Bride Thing Vienna 2014“ кој се одржа во палатата која се смета за историско богатство и едно од културните одбележја на градот,  Das Palais Niederösterreich.

Das Palais Niederösterreich. Das Palais Niederösterreich.

Помеѓу  педесетината познати австриски брендови кои со своја програма се претставија на настанот, а се однесува на комплетната организација на венчавки, Елена Лука беше првиот македонски бренд кој ја имаше ексклузивната можност да ја презентира својата нова колекција венчаници на елитната манифестација.

Подготовки пред почетокот на настанот Подготовки пред почетокот на настанот

Ванчаниците на Елена Лука беа дел од модната ревија која се одржа во рамките на саемот, а на која исто така продефилираа венчаници од неколку познати пред се австриски, но и германски и бразилски дизајнери и модни брендови како: Solanie Piccoli (Бразил), Patricia Vincent,  Michael Mayer, Mathu, Petra Pabst и други.

Елена Лука, прв македонски бренд како учесник на настанот Елена Лука, прв македонски бренд како учесник на настанот

„Задоволство и престиж е да се биде дел од еден ваков настан кој има навистина строга селекција кога се работи за изборот на брендови кои својата работа ќе ја презентираат во рамките на истиот. Одличната организација, фасцинантниот амбиент на палатата, одбраната публика, опкружувањето, и се разбира максималната посветеност на овој проект, направија Елена Лука да се презентира во едно навистина убаво светло, за што потврда е и реакцијата не само на организаторите, туку и на тамошната публика која искрено се интересираше за историјата на брендот, потеклото, асортиманот и начинот на изработка... Специјално за овој настан беа изработени 15-тина венчаници кои го носат уникатниот израз на Елена Лука, а истите ќе се најдат во продажба и во нашиот новоотворен салон за венчаници“, изјави Елена Лука за Fashionel, задоволна од достојното преставување на настанот.

Помеѓу изложувачите, забележавме познати домашни и странски дизајнерски имиња чии венчаници беа визуелизаиција на различни карактери и типови на жени. И во однос на формите, изработката, комбинацијата на материјали  и во однос на финишот со рачно изработените детали, изборот на венчаници беше воодушевувачки, од наједноставни чисти линии сведени на минимализам, преку роматнични дезени украсени со нежна тантела, до волуменозни здолништа и корсети навезени со украсни камења.

Бразилката Solanie Piccoli стационирана со два луксузни салони во Порто Алегре и Сао Паоло,  беше една од  десетината дизајнери на венчаници кои со своја програма се престатвија на саемот.

„Венчаниците на Piccoli најчесто се изработени во романитачрски дух. Во голем дел ја користиме тантелата, рачните везови, украсните камења... И секоја венчаница е приказна за себе, се што правиме е во еден уникатен примерок“, изјави преставничката на брендот.

Најбројни меѓу изложувачите сепак беа домаќините. Еден од австриските брендови кој привлекуваше особено внимание беше ателјето за венчаници „Elfenklid“ зад кое стои дизајнерското дуо Sandra Thaler и  Annette prechtl.

„Како дизајнерско дуо почнавме да изработуваме венчаници од 2008 година и од тогаш прогресот е континуиран. Имаме изложбени салони во Виена и Минхен, но посакуваме да се прошириме и во други држави. Секогаш кога дизајнираме венчаници, ги следиме потребите на невестата, но внимаваме преку дизајнот да ја изразиме и нејзината личност и да останеме блиску до тоа што е таа“,  вели претставничката на ателјето.

Покрај ателјеата за венчаници и модните брендови, во лускзуниот амбиент на палатата се претставија и бројни други компании кои од различни аспекти учествуваат во свадбената организација како: козметички брендови, ателјеа за рачна изработка на украсни детали, организации за амбиентално украсување, кетеринг и други. Сите тие во една заедничка симбиоза создадоа совршен амбиен и еден многу практичен начин за секоја идна невеста комплетно да ја организира својата свеченост.

Дополнително програмата беше збогатена со три модни ревии на венчаници, а концептот на истите особено не воодушеви поради интерактивниот карактер, бидејќи манекенките наместо по статична писта,  дефилираа помеѓу публиката дозволувајќи одблиску да се доживее венчаницата.

Венчаница на Елена Лука на модната ревија

Венчаница на Елена Лука

Венчаница на „Elfenklid“

Венчаница на Solanie Piccolo

Резимето го направи главната организаторка на настанот, Михаела Хонис, која не можеше да го скрие задоволството од големиот интерес на публиката и беспрекорната организација.

Михаела Хонис, главен организатор на настанот

„Покрај тоа што е огромна одговорност, истовремено организацијата на настанот беше навистина и работно задоволство, особено кога се работи со професионалци. Учеството на овој настан поставува навистина строги услови и токму затоа е престиж да се биде дел од него. Ги селектираме компаниите кои може да учествуваат за да задржиме едно навистина завидно ниво на целата манифестација. Драго ми е што имаме еден беспрекорно уникатен бренд од Македонија, Елена Лука како учесник кој од секој аспект заслужува да биде овде. Јас лично ги обожавам нејзините венчаници изложени тука“,  изјави Михаела за Fashionel.

Овој саем  кој започна да се одржува од 2011 година, важи за еден од најпрестижните модерни саеми за венчавки во Европа. Интересот како кај публиката така и кај изложувачите расте секоја година и манифестацијата веќе го добива својот интернационален карактер. Елена Лука со своето учество не само што ја збогати програмата, туку предизвика и голем интерес на австрискиот пазар.

 

 

Објавено:
23 февруари 2014
Категорија: 
Актуел