„ Биди и Ти Елена Лука лице“, кампањата што реномираната модна куќа ја стартуваше пред неколку дена, денеска ќе ја има својата кулминација. Неодамна информиравме дека Елена Лука започна проект од кој се бара девојка што во иднина ќе биде ангажирана во рекламни кампањи и фотосесии. Тимот од модната куќа верува дека во Македонија има навистина многу убави девојки чија убавина заслужува ангажман, а доказ за тоа е токму овој исклучително уникатен проект. Како што не информираат од Елена Лука, изминатите неколку дена интересот за учеството во овој проект е огромен, а голем број девојки сакаат да станат модели и да влезат во финалниот избор.
Денеска со почеток од 17 часот во продажниот салон на Елена Лука во трговскиот центар Сити Мол ќе се случи големиот кастинг со околу 30-тина селектирани девојки што ги исполнија поставените критериуми, а од нив ќе се направи потесен избор. За тоа како ќе тече кастингот и селекцијата, секако ќе дознаете од вашиот омилен портал Fashionel.