Продолжен рокот за пријавување за кампањата „Биди и ти Елена Лука“

14 јули 2014

Поради големиот интерес и исто така големата бројка на пријавени лица за учество на кастингот за проектот „Биди и ти Елена Лука“, од македонскиот моден бренд најавуваат уште еден дополнителен термин за избор на лице.

Имено, сите заинтересирани девојки кои до сега немаа храброст да се пријават, а ги исполнуваат критериумите кои ги постави модната куќа, имаат можност да се пријавуваат и во текот на оваа недела за идниот кастинг кој е закажан за 17-ти јули (четврток) во просториите на продажниот салон на Елена Лука во Skopje City Mall.

Првиот кастинг кој беше оддржан неодамна, предизвика огромен интерес кај девојките кои ја следат работата на брендот, но и кои се пронаоѓаат како лице кое перманентно би соработувало со модната куќа на различни кампањи. Токму затоа, од тимот на Елена Лука одлучија да го продолжат рокот за пријавување со цел да се пронајдат вистинските девојки.

Сите заинтересирани свои генералии и фотографии може да испратат на e-mail: el@el.com.mk.

 

Објавено:
14 јули 2014
Категорија: 
Актуел