Македонскиот моден бренд Елена Лука, овој септември ќе ги почести сите свои клиенти со големи попусти на своите уникатни дизајнерски парчиња во трите изложбени салони во: Капиштец, Скопје Сити Мол, како и специјализираното ателје за венчаници.
Почнувајќи од денеска (2-ри септември), па се до крајот на месецот, автентичните дизајнерски креации потпишани од Елена Лука ќе може да ги купите со 50% попуст.
Освен за елегантинте свечени тоалети и коктел фустаните, попустот се однесува и на уникатната линија на чанти и чевли кои беа промовирани во рамките на колекцијата „Golden reins“, како и на бајковитите венчаници изложени во специјализираното ателје за венчаници во рамките на продажниот салон на Елена Лука во Капиштец.
Искористете ја оваа единствена привилегија и бидете уникатна дама со стил.