Две познати дами ќе носат венчаници на Елена Лука на Саемот за венчавки

12 март 2015

Утре со ревија на венчаници, во 18.30 часот официјално се отвора петтиот по ред Саем за ванчавки во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На ревијалното отворање со уникатни венчаници ќе се претстават овогодишните учесници на саемот, меѓу кои и: модната куќа Елена Лука, Mcouture by Mila Kadriu, Атаелје Билиа, Ателје Нена Конели, Ателје Форевер, Ателје за венчаници Пепика, Dea Sposa, Ателје Лебед и други.

Раскошните венчаници на модниот бренд Елена Лука ќе ги носат две познати дами кои публиката ќе има можност да ги види утревечер на ревијата на која идните невести ќе се запознаат со новите тенденции на венчални фустани. Покрај тоа, на своите идни невести Елена Лука ќе им обезбеди и попусти од 10, 30 и 50% на ексклузивните венчаници што ќе бидат дел од програмата на саемот.

Петтиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки  оваа година  ќе се одржи од 13 до 15 март, а е во организација на интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Бела соба