Модна ревија со венчаници, како и свечени одела за младоженци, на македонски дизајнери и модни куќи го отвори 10-то, јубилејно издание на Саемот на венчавки, вчеравечер во хотелот Александар Палас.
Секој од дизајнерите со своја визија и идеја како треба да изгледаат модерните невести и младоженци, најавија што посетителте може да очекуваат од понудата на нивните штандови овој викенд во рамките на саемот.
А според тоа што имавме можност да го видиме на отворањето, идните невести на овој саем на венчавки ќе може да одбираат од богата понуда на различни верзии на венчални фустани.
Моделите варираат од класични, симплифицирани и елегантни до авангардни, артистични и неконвенционални.
Во рамки на програмата, посетителите ќе маат можност да ги посетат штандовите на дизајнерите и модните брендови: Елена Лука, Антонија Ристовска, Мкоутуре, Пепика Атеље, Атеље Коцарева, Ателиер бај Сониа, Атеље Конели, Атеље Кадора, Бјанка Споса, Анна Бора, Атеље Соња, Венчаници Жана, Атеље Проминент бај Ивана како и светските модни брендови:Моника Лорети, Ману Гарсија, Ангела Ди Марино, Валерио ЛУна и Ханибал Лагуна. За машките костуми тука се брендовите: Тивес, Сињори и Диас.
Денеска и утре (22 и 23 февруари) саемот ќе биде отворен за посетители кои на едно место ќе може да се информираат за сите новости и тенденции што ги вклучува свадбената церемонија, од богат избор на венчаници до комплетна организација.
Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата на модната ревија која го најави стартот на јубилејниот Саем на венчавки.