Грејс Џонс без конкуренција: На 74 години изгледа импресивно во кампања за Wolford
•
1 март 2023
Вонземската Грејс Џонс, муза, модна и музичка икона, на 74 години позираше за новата кампања на брендот Wolford и во најмала рака импресионираше.
Енергијата, ставот и извајаното тело што во осмата деценија ги поседува оваа легендарна уметница, не само што се за длабок поклон, туку се и вистинска мотивација и позитивен пример.
Дел од фотографиите од новата кампања беа објавени на Инстаграм профилот на брендот, а Грејс Џонс заслужено и очекуивано е во фокусот на вниманието.