Група за граѓански активизам за помош на настраданите од поплавите

8 август 2016

Ве известуваме дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ до којашто може да се пристапи на следниов линк: https://www.facebook.com/groups/530772140451538/

Од граѓаните коишто ја водат иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и граѓанската помош за санирање на штетите во сите настрадани подрачја, се апелира сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и потреби од граѓански активизам да се зачленат во јавната група.

Во групата, редовно се објавуваат информации за:

- потребна помош од волонтери;

- потребна помош во вид на донации;

- информации за нови собирни места за помош;

- информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;

- информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за иттно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа. 

Преку групата, организирано ќе се постапува во секој миг на потреба на граѓански активизам и согласно потребите ќе се организираат настани коишто се потребни.

Објавено:
8 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
421 пати