Гучи и Прада се поклопија со дефинициите за машката мода за следната сезона

16 јануари 2014

Кој е заедничкиот пресек на двата луксузни брендови Гучи и Прада? Покрај тоа што Италија е нивната матична земја и тоа што на челните позиции се жени, Миуча Прада и Фрида Џанини, едната раководи со Прада, а другата е креативна директорка на Гучи соодветно, во своите колекции за мажи кои неодамна беа презентирани на Модната недела во Милано за есен-зима 2014/15, тие покажаа слични предвидувања за тоа како треба да изгледа мажот следната сезона.

 

Гучи Гучи

Прада Прада

 

Почнувајќи со скалестото градење на силуетитите, па продолжувајќи со палетата кој вклучува доминација на свежите, позитивни тонови комбинирани со беж, Прада и Гучи се поклопија со своите дефиниции  на машките колекции.

Интересно е и тоа што и во двете едиции е сведена на минимум присутноста на она што е најкарактеристично за нивниот идентиет, како на пример принтовите.

Гучи Гучи

Прада Прада

Двете дизајнерки се воздржале и во однос на аксесоарите, па така она што е најзабележително се масивните чанти. Во колекцијата на Прада, тие добиваат коцкасти форми, додека кај Гучи   доминира предимензионираната чанта на преклоп.

Палтата и сакоата се комбинирани со панталони со нагласени рабови, кои  во случајот на Гучи се тесни во ретро стил кој го враќа духот на 60-те и завршуваат над глуждот, додека Прада го задржала слободниот пад.

 

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Актуел