Гучи ќе остане без лого

19 ноември 2013

gucci-logo-studio-wallpaper

Легендарното лого на Гучи, испреплетените две букви GG, регистриран е првпат во 1984 година, во Велика Британија. За некои ова лого е знак за квалитет, за некои само статусен симбол, но како и да е, наскоро може да биде забрането.

Двете GG се регистрирани како лого за компанијата Гучи, во четири различни категории и можат да се стават на облека ( и обувки и ремени), чанти, часовници и козметика.

Но, според британскиот закон, заштитниот знак на некоја компанија може да се отповика доколку не се користи пет години од денот на регистрацјијата.

Иницијативата да се забрани GG покрената е уште во јуни 2012 година, поради тоа што за некои производи, за кои е регистриран, ова лого не е употребувано од 2003 година.

Тогаш од компанијата соопштија дека тоа не е вистина, но доказот за конкретна стока со тоа лого, која се продава во Велика Британија, не е јасен, велат од Светскиот преглед на интелектуален посед.

Спорните производи се од областа на козметиката: парфеми, сапуни, пасти за заби, препарати за коса, креми за депилација. Според нивните тврдења, Гучи овие производи со GG во Британија, не се продаваат веќе со години, односно доволно долго да може да им биде одземено логото.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Актуел