Гучи официјално го загуби логото

22 ноември 2013

Италијанскиот моден бренд Гучи и официјално остана без својот заштитен знак. Воедно, забранета е употребата на познатото лого на територијата на Англија, а канцелеријата за интелектуална сопственост истакнува дека логото и понатаму може да се користи аплицирано само на парфеми и сапуни.

 

Според законот на Англија доколку некое лого не се користи повеќе од пет години по регистрацијата, правото на користење се губи. Брендот Garry Weber поднесе барање за овој симбол, поради слабата употреба од страна на Гучи од 2003 до 2012 година. Канцеларијата за интелектуална сопственост пресуди во корист на Weber, а го ограничи користењето за Гучи.

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел