Кога последен пат сте виделе парче облека како нов оригинален дизајнерски изум што станал универзално посакуван, а не бил ре-интерпретирана верзија со инспирација од веќе познатото?
Токму во едно неодамнешно интервју за Вог, Вивијан Вествуд кажа едноставна, а доста реална мисла „Невозможно е да се биде креативен, ако немате поставено врска со минатото и традицијата.“
И да, тука веднаш ќе помислите на тоа дека се е измислено, веќе видено, ништо ново. Копии фрчат насекаде, а токму тие се неизлечивиот синдром на општеството, ќе го наречам како синдром на „гола“ мода. Накитена и јасно нагласена, а толку ефтина, гола- без идентитет.
Иако јасно уочлива од својата видливо тривијална амбалажа, таа владее во морето конформисти на кои и не им е баш така важно дали била оригинална или не. Важно е дека може да се има за малку пари, нели оти оригиналите не може да ги има секој, а од друга страна пак „мора“ да се биде во тренд . Најчесто инфицираната категорија тешко може да се имунизира со тоа дека модата и стилот не ги прават логоата и имињата на брендот.
Оригиналноста на модниот дизајн и заштитата на интелектуалната сопственост, е многу широко комплексна, проблематична и дискутабилна, со многу свои постулати. Репликите се глобален проблем и главоболка за дизајнерите, најголем за американските, чии дела се заштитени само според законот за патенти и трговски марки и само во детали според авторски права.
Европските пак, кои се во унијата и цетнарот на модата, имаат двојна заштита од националните закони за авторство. Франција дизајнот го регулира дури под историска заштитита на модната креација во однос на кројот, текстурата и структурните аспекти. Италија ги заштитува дизајнерските авторски права дури и по 70 години од смртта на дизајнерот, како од индустриска така и во делот за интелектуална сопственост. Англија иако ги рздвојува според европската регулатива за права на дизајн и европската директива за заштита на дизајни, подеднакво ја овозможува законската заштита. Сепак, „дива“ мода имало и ќе има, проследена со тужби и судски разврски што скапо читант како по буџет така и по углед , најмногу за оние што чувствуваат морална, интелектуална и финансиска повреда.
Интересно е што повеќе американски научници веруваат во тоа дека неовластеното копирање парадоксално влијае од користа на креаторските иновации, а не диверзивно. Блиску до ова верување се и малку македонски дизајнери кои за проблематиката ќе речат дека копиите не им пречат, бидејќи во ниеден поглед не можат да бидат оригинали, затоа се и копии, а вистинскиот консумет тоа го препознава.
Но за другиот дел ,проблемот е во експанзија. Па така на модни дебати пред медиумите, дизајнерите знаат да кажат дека модната пиратерија во земјата ја прават нарачките по фотографии од интернет, шивачките кои немаат проблем да сошијат копија на фустан за ниска цена, а проблем се јавувал и со реплики на крации меѓу домашни колеги. Иако модната сцена како професионална бизнис форма ни е р’кулец создаден од малкумина, важат правата од законот за индустриска сопственост во однос на логото и името, а Македонија како членка на Светската организација за интелектуална сопственост и Европската организација за патенти, воедно е потписник на сите важни меѓународни договори од оваа област. Модниот дизајан подлежи на авторизација и тоа од делата на применетата уметност, а за спор по оригиналноста одлучува надлежниот суд, појаснуваат од Македонска Авторска Агенција.
Иако на наши простори медиумите на некој начин фрлија пик само на една домашна етикета како „копирачка“, вистинската слика во однос на очигледната инспирација од колекциите на светските брендови не е така праволиниска.
Токму стилистката што стои зад акцентираната етикета, јавно и искрено вели дека го следи трендот на комерцијалите бредови, користејќи го дизајнот на познатите светски креатори. Искреноста тука и завршува. За разлика од конкретниот случај, транспарентноста од имитациите на останатите дизајнери, некако се заобиколува или ретко забележува. Ре-интерпретациите кои наликуваат од ние на: Селин, Џамбатиста Вали, Валентино, Салваторе Ферагамо, Етро, се толку очигледни, но далеку поразлични од луксузот на оригиналите, што впрочем ја покажува реалната слика од квалитетот на производството срочен според потрошувачката моќ. Со чест на исклучоци, но погрешно е кога одреден дизајн го сметате за иноваторство, кога истиот речиси и да не постои. Затоа следен пат кога ќе тргнете во создавањето на нови креации, не ја потценувајте моќта на препознавањето од публиката и медиумите. Подобро е да погрешите во оригиналноста,отколку да успеете во имитирањето.