Гучи води по број на насловни страни за оваа сезона

24 јули 2013

Модните аналитичари со години бројат кој моден бренд се појавил на најмногу насловни страни на релевантните списанија. Последните пребројувања велат дека колекцијата на Гучи за сезоната пролет-лето 2013 е хит во однос на бројот на насловни, а зад брендот следат луксузните модни куќи Диор, Луј Витон и Долче и Габана.

Дизајнерката на Гучи Фрида Џанини може да се пофали со 101 насловни

Првата колекција на Раф Симонс за Диор се најде на 97 насловни

 

Третото место го делат Марк Џејкобс од Луј Витон и Стефано Габана и Доменико Долче од Долче и Габана со по 73 насловни

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Актуел