Со 81-то издание на Златен Глобус стартуваше сезоната на награди и гламурозни црвени теписи.
Годинава на престижната манифестација најдобри беа Oppenheimer, Succession и Poor Things, а настанот се одржа во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес.
Barbie и Oppenheimer коишто важеа за најголеми фаворити, заедно добија 17 номинации. Barbie од вкупно девет, освои две, додека Oppenheimer, од осум категории се закити со пет Златни Глобуси.
Но, пред победниците гордо да ги понесат своите статуетки, на црвениот тепих се одвиваше вистинско модно шоу.
Ѕвездите се прошетаа во креации од најголемите модни имиња како Прада, Диор и Скијапарели, измамувајќи воздишки со својата појава.
Софистицираност, елеганција баш онака како што прилега за оваа манифестација која важи за еден вид на увертира пред Оскарите.
Покрај класичната и безвременска црна, црвениот тепих беше закитен и со розова, црвена, светкаво сребрена и нијанси на виолетова, но и модни додатоци во 3D варијанта.
Еве како сето тоа изгледаше.