Хајди Клум во секси издание продава технологија!

15 ноември 2014

Каква врска има Хајди Клум со технологија? Според американскиот бренд Sharper Image, многу голема!

Прекрасната германска манекенка е дел од нивната најнова, празнична кампања во која ги презентира нивните идеи на посебен, сексапилен начин.

На една од фотографиите стои насловот: „Што сака Хајди во кревет?“, а на друга пак „Што е она што ја тера Хајди  да ги изгаси светилките?“.

Манекенката објави дел од фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил под кои напиша: „Ќе бидат новото лице (и тело очигледно), на брендот Sharper Image! Едвај чекам да ги погледнете сите фотографии“, додавајќи дека е неверојатно возбудена за соработката.

Маркетинг директорот на брендот Дери Мардер посочи дека германската убавица била совршениот и сосема природен избор за нивната празнична кампања, која што таа ја презентирала на најдобар можен начин.

„Хајди е неверојатно сексапилна и има неверојатна смисла за хумор. Таа никогаш не е премногу сериозна, па токму затоа е вистинско задоволство да се работи со неа“, вели Дери.

Ова е само последна во низата плодни соработки на германската манекенка измината година. Во моментов, таа работи и на шоу-то Germany’s Next Top Model, но и дизајнира долна облека за брендот Bendon Lingerie со кого соработува цели 25 години.

Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Актуел