Хајди Клум облечена само во чанта од Готје за потребите на amfAR
•
4 јуни 2014
За поддршка на непрофитната организација, францускиот дизајнер Жан Пол Готје креираше чанта со морнарски пруги, која ќе се продава ексклузивно во Блумингдејл. Приходот од продажбата ќе биде наменет за помош, истражување, превенција и п борба против СИДАТА.
За промоција на соработката, германската манекенка 41 годишната Хајди Клум позираше гола, само во моделот на чанта од Готје. Цената на чантата е 35. 000 долари.