Традиционалната хуманитарна гала AmfAR за време на Канскиот филмски фестивал е уште еден повод да се изнагледаме фантастична мода.
Покрај есенцијатната хуманитарна нота на настанот, со цел собирање средства наменети за Американската фондација за истражување на сидата, модниот аспект е исклучително значаен.
Така секоја година очекувањата од она што може да се види тука на синиот тепих, се огромни.
И годинава, на сината патека продефилираа познати ѕвезди во гламурозни модни изданија кои секако ја збогатуваат содржината на фестивалот.
Меѓу нив и Хајди Клум, Алесандра Амбросио, Квин Латифа, Ребел Вилсон во своите раскошни изданија беа меѓу највпечатливите.
Погледнете ги фотографиите во нашата фото галерија и споделете кои се вашите модни фаворити.
Фото: Vogue