Традиционално и годинава како дел од програмата на фестивалските денови во Кан, беше одржана хуманитарната гала вечер amfAR чија основна кауза е собирање средства што ќе бидат инвестирани за едукација, истражувања и подигање на свеста во однос на сидата.
Но, покрај хуманитарниот карактер на оваа гала вечер, уште еден значаен сегмент е модниот.
И оваа година не изостануваше препознатливиот гламур, што овојпат на црвениот килим го донесоа Ева Лонгорија, Наоми Кембел, Кара Делевињ, Коко Роша, Џоан Смолс, Сијара, Кристина Агилера...
Забележително беше тоа што годинава голем дел од дамите што присуствуваа на галата, носеа дизајн на младиот бренд Monot, зад кој стои либанскиот дизајнер Ели Мизрахи.
Неговите фустани станаа препознатливи по сексапилната естетика, преку тесните и асиметрични кроеви, високи шлицови и исечоците со кои се открива длабоко деколте.
Дел од атмосферата на црвениот килим гледате во продолжение.
Фото: L'officiel