Ѕвездите собраа 2, 5 милиони долари на годинешната Амфар гала

13 февруари 2015

Пред почетокот на долгоочекуваната модна недела во Њујорк, се одржа традиционалната Амфар гала на која секоја година се појавуваат некои од најголемите ѕвезди на Холивуд.

На манифестацијата му беше оддадена чест на легендарниот фотограф Патрик Демарчелиер, но и на актерката Росарио Досон и Хари Белафонте заради нивниот исклучителен придонес во борбата против сидата низ годините.

Патрик Демарчелиер и Вера Ванг Патрик Демарчелиер и Вера Ванг

Во текот на вечерта, публиката ја забавуваше талентираниот актер и комичар Крис Рок и неговиот колега Џереми Пивен кои зад себе оставија уште една вечер за паметење.

Chris Rock and Rosario Dawson

На црвениот килим се појавија некои од најголемите ѕвезди на денешницата, меѓу кои и новата ИТ девојка Кендал Џенер во прекрасна црвена креација од ресортот на Ромона Кевеза.

Дел од манифестацијата беше и прекрасната бремена манекенка Коко Роша која уште еднаш блесна во темно црвена креација комбинирана со фасцинантни дијаманти.

Coco Rocha

Амфар галата беше дефинитивно вечер на прекрасните модели, па така во совршено издание се појави и секогаш шармантната Карли Клос која одбра долга црна тоалета со сребрено ремче во горниот дел.

 

Подеднакво прекрасна и во слична креација беше и нејзината колешка од Викторија Сикрет, Шанина Шајк, но и поранешната девојка на Леонардо ди Каприо која овојпат одбра целосно бела креација во која изгледаше како вистински ангел.

Ѕвезди на хуманитарната вечера дефинитивно беа некои од моделите од „златните времиња“ меѓу кои и Наоми Кемпбел, Иман, Хајди Клум и други.

2596958300000578-2950096-image-m-133_1423705509127

Ова дефинитивно беше уште една неверојатно успешна вечер за борба против сидата, со оглед на тоа што до крајот на манифестацијата од аукциите се собраа повеќе од 2, 5 милиони долари.

Вупи Голдберг Вупи Голдберг

Во продолжение во галеријата, погледнете дел од блескавите изданија на ѕвездите.

Објавено:
13 февруари 2015
Категорија: 
Сцена