Најдоброто од amfAR Gala 2024

27 мај 2024

Уште еден настан што привлекува големо внимание за време на Канскиот филмски фестивал е amfAR галата.

Легендарната гала ги собра на едно место познатите од областа на филмот, модата и музиката, привлекувајќи голем интерес, што особено се должи на екстравагантните стајлинзи на црвениот тепих.

Хуманитарниот настан се одржува како поддршка на непрофитната организација којашто го носи истото име - amfAR Gala.

Организацијата меѓу другото работи на превенција од ХИВ и врши истражувања за сидата, а за залага и за афирмација, едукација и подигање на свеста за болеста.

Ѕвездите ја дадоа својата поддршка, а еве кој најмногу блескаше на овој добротворен црвен тепих.

Фото: Getty

 

Објавено:
27 мај 2024
Категорија: 
Сцена