Harper’s Bazaar ги одбра најдобро облечените жени во светот

23 јули 2014

Иако до крајот на годината има уште неколку месеци, магазинот Harper’s Bazaar ги одбра 100 – те најдобро облечени жени во светот за изминатата година.

Нивниот избор воопшто не изненадува бидејќи изминатата година можевме да ги видиме буквално сите овие дами од прва до последна во голем број совршени модни комбинации.

Како што се очекуваше, дел од изборот на познатиот светски магазин се и трендсетерките како Алекса Чанг, Мирослава Дума, Лупита Нјонго, Кара Делевињ, Кејт Мос, Кејт Бланшет, Карли Клос и уште многу други кои што навистина заслужија да бидат дел од овој избор.

Изминатата година ќе остане запаметена по непогрешливите комбинации на манекенката Карли Клос Изминатата година ќе остане запаметена по непогрешливите комбинации на манекенката Карли Клос

Тие дефинитивно се дами кои изминатата година беа неверојатна модна инспирација за голем број девојки ширум светот и секогаш знаеја да направат беспрекорна комбинација.

Секогаш инспиративната Мирослава Дума Секогаш инспиративната Мирослава Дума

Во текот на изминатите месеци од годината, барем досега, тие секогаш воодушевуваа со нивниот избор на комбинации, без разлика дали стануваше збор за појавување на црвениот килим или пак за едноставни и лежерни комбинации со кои предизвикуваа внимание низ улиците.

Новата миленичка на Холивуд Лупита Нјонго, за многу кратко време стана вистинска модна икона Новата миленичка на Холивуд Лупита Нјонго, за многу кратко време стана вистинска модна икона

Во продолжение погледнете некои од најдобрите и највпечатливите комбинации на дамите што се дел од изборот на магазинот и уверете се зошто токму тие се одбраните.

Алекса Чанг ја однесе модата на едно поинакво и полежерно ниво што е навистина шармантно! Алекса Чанг ја однесе модата на едно поинакво и полежерно ниво што е навистина шармантно!

На следниот линк, погледнете ги сите 100 најстилски дами и инспирирајте се за супер комбинација!

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Актуел