Омилениот прстен на тренсетерките ширум светот
•
9 јули 2013
Легендарниот YSL Arty прстен претставува омилен парче накит на холивудските диви и светски познатите ѕвезди. Прстените се вистински ремек дела. Изработени се од позлатен метал, кој се комбинира со украсно обоено стакло и полудрагоцен камен. Богатите дами уживаат во магијата на овој прстен. YSL Arty е дел од колекцијата накит на Алекса Чанг, Мирослава Дума, Бијонсе и други. Секоја сезона прстенот доживува нов стајлинг, формата и обликот се задржани, а бојата на каменот се менува.