Дали некогаш сте се запрашале зошто бурмата се носи на домалиот прст или зошто низ историјата големите прстења биле симбол за статус, па најчесто ги краселе рацете на угледните и влијателни личности?
Британските психолози воочиле уште една правилност во „говорот на прстените“. Колку е прстенот поголем тоа е понагласена одредена особина на неговиот сопственик, се разбира во зависност од прстот на кој се носи прстенот.
Личностите што најчесто го носат прстенот на кажипрстот се горни и продорни. Го сфаќааат животот мошне реално и материјалистички се ориентирани. Прстенот на средниот прст открива перфекционист и некој што обврнува внимание на деталите. Таквата личност е критична и кон себе и кон другите.
Ако ова парче накит сакате да го носите на домалиот прст, тоа значи дека сте интуитивни, чувствителни и друштвени.
Оние пак, кои прстенот го носат на малиот прст, поседуваат уметнички способности и нагласени креативни потенцијали.