После паметните очила, алка и часовник, се појави и паметен прстен. Прстенот го носи називот „Фин“ и со едноставно движење на прстот дава команди кон паметен телефон, телевизор или некој друг таков сличен уред. Компанијата RHL Vision од Индија работи на овој необичен прстен. Тој работи по принципот на оптички сензори што се наоѓаат во внатрешноста кои  може да детектираат движење на прстот и допир. Кога детектира движење, прстенот користи блутут технологија и праќа команда што е предвидена за тоа движење на некои од уредите со кои е поврзан.

 

Со помошта на овој прстен може да се намалува и засилува јачина на музика, менува песни, канали на телевизор, дури и да играте игри и да споделувате податоци со пријателите. Постојат многу можности, а одлично е што може да се поврзува со поголем број уреди. Изгледот на прстенот се уште не е конечен, со оглед на тоа дека компанијата собира финансии за да се дојде до негова промена и финална верзија.

 

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци