Модата ќе се следи и со новите очила Google Glass

9 август 2013

Знаете ли кој е најважниот моден додаток на модните уредници од светот кои ги следат модните ревии од првите редови? Можеби ќе се разочарате, но не е ниту чантата, ниту чевлите, ниту облеката. Најдобриот пријател на овие модни диви се овие два апарати - iPhone и iPad. Минатата година компанијата Google лансираше ново револуционерно решение - Google Glass очила кои ви дозволуваат да сликате фотографии, снимате видеа, надополнети со гласовни и команди на допир, кои овозможуваат одлична комоција не само на модните уредници, туку и на новинарите и модните фанатици, кои никако не сакаат да ги пропуштат важните моменти во текот на една модна ревија.

 

 

За да придаде важност на иновативен модел дизајнерката Даен Фон Фурстенберг направи очилата да бидат главен моден додаток на манекенките на нејзината ревија за колекцијата за пролет-лето 2014. Сепак, привилегијата прва да ги тестира овие креативни очила ја има познатата уредничка и креативна директорка на американскиот магазин Marie Claire, Нина Гарсија. Таа објави дека токму со овие очила ќе ја следи Модната недела во Њујорк и ќе објавува слики и видеа во живо на социјалната страна на списанието.

 

 

„Секако дека за време на ревиите ќе користам и други апарати. Очилата Google Glass се контролирани од страна на вашиот глас или со допир на прстот, тоа е како да носите мал компјутер во вашите раце. За мене претставува ослободување кога знам дека имам еден производ со кој можам да направам сè“, вели Гарсија.

 

 

Објавено:
9 август 2013
Категорија: 
Актуел