И тоа ѝ успеа! Џеј Ло е една од ретките дами што успеаја да се најдат на едно од најважните изданија на GQ магазинот -Man Of The Year.
Актерката, пејачка и танчарка ја одбележа годинава со остварувањето „Hustlers“, а нејзината успешност и начин на кој ја гради кариерата беа повеќе од доволна причина од магазинот да ѝ отстапат насловна страна и да ја прогласат за Икона на годината.
Помеѓу разговорите за нејзиното детство, почетоци во кариерата, Џеј Ло откри дека за нејзиното последно остварување во кое ја толкува стриптизерката Рамона, не заработила ништо, и покрај тоа што филмот има одлична заработувачка.
„Никогаш не се мотивирам од пари. Ги правам работите затоа што сакам. Не ми беше исплатена огромна сума пари за филмот. Го продуцирав и направив бесплатно. Вложувам во себе. Тоа е Jenny from the Block. Правам што сакам! Секогаш бев мотивирана од тоа што сакав да станам супер актерка, одлична пејачка, танчарка. Уживам да правам филмови, да снимам музика... А со самото тоа доаѓаат парите, но не се појдовна точка“, објаснува Лопез.
Во интервјуто зборува и за тоа колку напорно работела за истиот, а покрај текстот, направени се и фотографии во кои уште еднаш се забележува нејзиното фантастично тело.
„За танц околу шипка и за улога на стриптизерка, беше очигледно дека ќе морам да покажам повеќе голотија и да го откријам телото онака како што досега не сум го правела тоа. Затоа, имав многу тренинзи, пред сè за сила и за движења околу шипката и можам да кажам дека беше навистина многу, многу тешко“, вели Џенифер.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Целото интервју е на линкот ТУКА.