Иман и Клое Севињи дел од рекламната кампања на Kenzo x H & M

14 септември 2016

Целиот свет со нетрпение ја очекува првата колекција на Kenzo x H & M, а брендот веќе некое време објавува дел од парчињата и рекламните кампањи од соработката.

Она што последно го објави е видео снимено зад сцената за време на снимањето на нивната рекламна кампања, а дел од истата се прекрасните Иман, Клое Севињи, актерката Росарио Досон и уште неколку други уникатни девојки и жени од јавната сцена.

Кампањата ја сними легендарниот фотограф Жан – Пол Гауд, пред чиј објектив застанаа седумте прекрасни жени.

Покрај неодоливата Иман и Клое Севињи, во рекламата ќе се појават и Chance The Rapper, Ryuichi Sakamoto и Xiuhtezcatl Martinez.

Во видеото славниот фотограф открива што се случува зад сцената за време на снимањето, а можеме да видиме и дел од забавната атмосфера за која придонеле прекрасните девојки.

Кампањата ќе биде и официјално објавена на 17 – ти октомври, додека колекцијата ќе биде лансирана на 3 – ти ноември во повеќе од 250 продавници на брендот ширум светот.

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
506 пати