Инспиративни фотографски збирки

4 ноември 2013

Доколку ве интересира фотографската уметност или барате нова литература која рационално ќе гo исполни вашето слободно време, fashionel ви препорачува неколку четива кои во фокусот ја имаат покрај другото и  модната фотографија. Изборот на книги на славните фотографи од целиот свет вклучуваат и ретки уметнички дела со Мадона, Боб Дилан, Џорџ Буш, Мухамед Али и многу други.

 

Richard Corman, "Madonna NYC 83"

 

Познатиот њујоршки фотограф Richard Corman е автор на голем број портрети на славниот нобеловец Нелсон Мандела, актерите  Роберт де Ниро и Ал Пачино, кошаркарот Мајкл Џордан. Тој објави своја авторска книга посветена на Мадона со наслов „Madonna NYC 83", во која го меморира почетокот на нејзината кариера во 1983 година.

 

Gregory Heisler, "50 Portraits: Stories and Techniques from a Photographer's Photographer"

 

Во својата ретроспектива во книгата  „50 Portraits: Stories and Techniques from a Photographer's Photographer", еден од најпочитуваните професионални фотографи Gregory Heisler, преку својот објектив ги претставува портретите на славните, спортистите и светските лидери кои се проследени си интересни, често хумористични приказни во продолжение на фотографијата.

 

Charles Marville, "Photographer of Paris"

 

Charles Marville е еден од најталентираните фотографи од 19 век. Ова литературно издание е направено посебно за ретроспективната изложба посветена на овој автор, и истата нуди комплетен преглед на неговата кариера. Во книгата се селектирани градски сцени и архитектонски истражувања на фотографот од Франција и Германија.

 

Mark Shaw, "Dior Glamour: 1952.-1962."

 

Во ова литературно издание се претставени популарните екстравагантни фустани на големиот бренд Кристијан Диор и истовремено е документарен приказ за модниот свет во Париз во 50-те години. Токму фотографиите на Mark Shaw се едни од првите професионални модни фотографии.

 

Brandon Stanton, "Humans of New York"

 

Во 2010 година, фотографот Brandon Stanton започна многу амбициозен проект кој имаше за цел фотографски да го меморира животот на обичните граѓани на Њујорк. Вооружен едиствено со својот фотоапарат, тој ја фотографираше својата приказна. Така настана популарниот блог „Humans of New York" кој секојдневно го ажурира со нови интересни човечки стории.

 

 

 

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Актуел