Интерактивен дизајн - фустан што го менува својот изглед

16 октомври 2023

Компанијата Adobe го претстави својот најнов проект наречен Primrose - фустан што интерактивно го менува својот дизајн само со притискање на копче.

Честа да го претстави овој револуционерен дизајн ја имаше Кристин Диерк која е истражувач и научник во Adobe Research.

Присутните на настанот беа шокирани од тоа како тесниот миди фустан без прерамки го менуваше изгледот како да е екран на којшто работат дизајнери.

Освен тоа фустанот самиот го детектира движењето на тој што го носи претворајќи се во движечка анимација.

Идејата на проектот Primrose е да изработи флексибилен фустан за којшто нема да биде потребна ткаенина и на кој што креаторите на содржина и дизајнерите ќе можат да ги престават своите дизајни како на екран.

Еве како тоа изгледаше.

Објавено:
16 октомври 2023
Категорија: 
Актуел