Ирина Тошева ви презентира празнично продолжување од колекцијата Мементо Мори
•
23 декември 2013
Новите свечени парчиња од кошули, комбенизон, здолништа и панталони се продолжението од колекцијата есен-зима 2013/14 насловена Мементо Мори, на нашата дизајнерка Ирина Тошева, која првиот дел од колекцијата го прикажа на последното издание на Модниот викенд Скопје.
По тој повод таа изработи фотосесија на која позира младата вљубеничка во винтиџ облеката, кичевката Лумтурије Камли, која на фотографиите освен новиот дизајн на Тошева, носи и впечатлив накит изработен во соработка со Design&berries. Инаку, необичната шминка е на Небојша Пешевски, главниот фотограф е Ерина Богоева, додека фризурата е дело на Студио Алур. Во продолжените подгледнете го новото модно дело на Ирина и нејзините соработници.