Италија го забрани Тик-Ток

25 јануари 2021

Смртта на 10-годишно девојче од Палермо, како последица на „исполнување“ предизвик на „Тик-ток“ мрежата беше алармантна причина поради која италијанските власти ѝ наредија на оваа платформа да го блокира пристапот на корисниците чија возраст не може да се потврди.

„Италијанската агенција за заштита на податоците (ГПДП) му нареди на „Тик Ток“ веднаш да ги блокира корисниците за кои возраста на може да се утврди со сигурност“, се вели во соопштението на агенцијата. 

Формално, на кинеската апликација ѝ е забрането да обработува кориснички податоци кои не се во согласност со правилата за минимална возраст. Според условите за користење на ТикТок, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години.

Од друга страна пак, судските власти во Палермо, поточно јавното обвинителство, отвори истрага за „поттикнување самоубиство“ во врска со случајот со 10-годишното девојче кое почина од загушување. Додека трае истрагата за смртта на девојчето, оваа апликација во Италија ќе биде блокирана.

Предизвикот, еден од многуте бизарни на платформата, се состои од стегнување шал или ремен околу вратот, за да се намали дотокот на кислород во мозокот и притоа да дојде до привремено губење свест.

Но, за 10-годишното девојче тоа било фатално.

За негативното искуство со социјалната мрежа зборуваше и мајка на тинејџерка, а нејзиното искуство можете да го прочитате тука.

Објавено:
25 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.119 пати