Прада ги пакува куферите

15 јануари 2015

Британскиот Вог објави дека Прада дефинитивно се враќа во Италија по скандалот поврзан со истрагата за неплаќање на данокот во неколку наврати изминатите години. Модната куќа не е единствената која беше на удар на даночните органи. Долче и Габана минатата година исто така беше под истрага на италијанските власти. Мијуча Прада смета дека со овој чекор ќе се зголеми лојалноста кон самите купувачи на луксузни добра, но и како успешна спогодба со даночните власти, за конечно да се затвори истрагата кон модната куќа.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Актуел