Иван Миспелаере е новиот член во креативниот тим на Кавали
•
5 октомври 2013
Поранешниот креативен директор на Диана фон Фурстенберг, Иван Миспелаере се префрли во модната куќа Кавали. Првата колекција на францускиот моден дизајнер за италијанскиот бренд ќе биде за наредната зимска сезона 2014/15 и ќе биде презентирана на Миланската модна недела во февруари.
Иван своето деби го имаше на пистите во Њујорк во септември 2012 година со промоција на неговата колекција за пролет-лето 2013. По заминувањето од модната куќа на Фурстенберг , дизајнерот изјави дека е подготвен за нови предизвици. Меѓу неговите најважни соработки можеме да ги споменеме оние со Валентино, Гучи и Клое, кои дополнително придонесоа за развој на неговата кариера.