Питер Дандас се збогуваше со „Кавали“

13 октомври 2016

Последнава година модната индустрија е сѐ, само не здодевна. Во модните медиуми вчера главна вест беше заминувањето на Питер Дандас од модната куќа „Роберто Кавали“. На позицијата креативен директор се задржа 19 месеци, односно три сезони, а колекцијата за пролет-лето 2017 претставена на Миланскатта модна недела беше неговата последна за овој бренд.

Питер Дандас

За потсетување, ова беше втор обид на Дандас за „Кавали“. Првиот беше од 2002 до 2005 година, каде потоа замина во брендот „Емануел Унгаро“, каде остана до 2008. Модната куќа „Емилио Пучи“ беше неговата дестинација, а потоа повторно „Кавали“.

-Благодарен сум модната куќа, на целиот им и ателје кои учествуваа во оваа авантура – изјави дизајнерот во соопштението за јавност.

Сѐ уште не е познато кој ќе го замени, но врвот на модната куќа најави строга реорганизација во наредниот период.

-Од името на Роберто Кавали и од наше име, му се заблагодаруваме на Питер Дандас за неговиот придонес за брендот и му посакуваме сѐ најдобро во иднина – изјави Џиан Џиакомо Ферарис, извршниот директор на брендот.

Тој додава дека во следниот период модната куќа ќе се соочи со неколку трансформации.

-И покрај овој турбулентен период, дизајнерскиот тим ќе ја одржи креативата, а ние наскоро ќе го именуваме и новиот креативен директор.

Италијанската модна куќа ќе ги затвори своите дирекции во Милано и сите функции ќе ги префрли во канцелариите во Фиренца. Продукцијата и логистиката ќе бидат рационализирани и компанијата ќе ги затвори, прелоцира и продаде продавниците преку оваа продажна мрежа. Брендот, кој денес има 627 вработени, ќе елиминира 200 позиции.

Ферарис очекува дека компанијата ќе се врати во оперативна профитабилност во 2018 година.

-Модната индустрија се соочува со предизвикувачки времиња, со промена на барањата на клиентите и основна трансформација во динамиката. Во ваква средина, само иконските брендови со кохерентен бизнис модел и соодветна организација можат да преживеат. После иницијалното истражување на компанијата, верува дека „Кавали“ брендот има сѐ што е потребно за успех. Но, реалноста е таа дека трошоците на компанијата мора да бидат доведени во согласност со државните, даночни приходи и тоа е задача на која ние во моментов мора да работиме – објаснува директорот, кој пред да дојде во овој бренд, ја регулираше стратегијата на „Версаче“.

дел од последните креации на Дандас за „Кавали“

За потсетување, во последнава година, своите работни позиции ги сменија и Марија Грација Кјури која од „Валентино“ отиде во „Диор“, Раф Симонс доби работа во „Келвин Клајн“, а Џонатан Сандерс во „Дајан фон Фурстенберг“. Хеди Слиман го напушти „Сен Лоран“ и Албер Елбаз „Ланван“, на чие место дојде Бушра Жарар.

Какви долгорочни промени ќе доживее модната индустрија и кога ситуацијата конечно ќе се стабилизира, останува да видиме.

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
131 пати