Ивана Кнез со моден перформанс го затвори Skopje Design Week

7 октомври 2013

Целата приказна за создавањето на оваа колекција потекнува од пред 15 години кога за прв пат го прочитала романот „Дилбер стана“ од Стале Попов. Фасцинирана од романот создаде колекција која е инспирирана и посветена токму на нејзината мајка. „ Таа е една прекрасна и извонредна жена и имав среќа да биде моја мајка. Колекцијата е всушност наменета за саемот на мода во Абу Даби и нема да биде на продажба во Македонија. Работена е како класичен редизајн на мариовска носија и обработува крој во класична верзија со минимал форми со акцент ставен на везот. Наредната недела пет парчиња ќе бидат достапни во студио Драма и средствата ќе бидат наменети за помош на Ацо Конга. Многу сум задоволна од резултатите, ова што го видовте вечерва е една верзија на колекцијата која ќе биде вратена на преработка, доработка и истата ќе бидат објавена во посебен едиторијал - изјави Ивана“

За ефектот да биде уште поголем, перформаност беше заокружен со видео запис изработен од Билјана Радиноска. На целиот проект околу модниот перформанс работеше цел тим или како што истакна Ивана - едно семејство. Токму поради поделбата на обврските проектот е успешен, а идејата за преовладување на црвената, белата и црната нијанса во колекцијата се всушност идеја на режисерката.

Со оваа колекција Ивана Кнез всушност сака да покаже дека не е само дизајнерка на накит, а доколку треба да се етикетира тогаш таа за себе истакнува дека е костимографка која моментално работи на дизајнирање на облека за театарска претстава.

Оваа сезона дизајнерката нема да се претстави на Модниот Викенд во Скопје поради обврските во Абу Даби и Милано, но затоа во Куршумли Ан претстави моден пефроманс за паметење.

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Актуел