Македонската дизајнерка Ивана Кнез, честопати во креирањето на своите колекции се инспирира од театарската сцена и костимографија. Случајот со создавањето на нејзината нова линија накит „Лили“ не е исклучок. Овој пат, како што вели креаторката, „Лили“ е инспирирана од последниот проект на кој соработувала со режисерката Билјана Радиноска, драмата „Галеб“ од Чехов, донесувајќи го животот на сцена.
Препознавајќи го карактеристичниот сензибилитет на Драма Студио, секое парче накит тежнее кон длабочина на перспективни емоционални искуства и искрени животни приказни и во неговото создавање е направен микс на различни материјали: рециклирана кожа со предуви или кристали и камења.
За колекцијата е изработен и промотивен мини едиторијал, за кој како модел е ангажирана ТВ водителката Миа Костова, која позира пред објективот на фотографот Жарко Чулиќ, а за приказната да го добие комплетниот лик, шминката и фризурата му се доверени на Даниел Николовски.
„Миа е прекрасна жена и огромен професионалец исто како и преостанатит е членови на екипата. Прекрасно и ретко е искуството кога еден едиторијал се одвива без проблеми, каде не се потребни многу зборови екипата соработува беспрекорно, иако е ова официјално прв пат да соработуваме ние четворица. Даниел е наш етаблиран визажист со кого ми представув аогромна чест да соработувам на проект од овој тип, а со Жарко мислам дека веќе се подразбира, имајќи вопредвид дека следната година Драма И Чулиќ полнат пет години на заедничка соработка и воедно постоење на двата бренда“, вели Кнез за своите соработници ангажирани во нејзиниот нов проект.