Како би изгледале мотиви од традиционалната македонска носија во футуристички Баленсијага дизајни?

15 јуни 2023

Како би изгледале елементи од традиционалната македонска носија во футуристички Баленсијага дизајни?

Одговорот го има Инстаграм профилот @surrealpineapple, зад кој стои креативецот Петар Антевски – Дигитален креатор кој имено ја користи вештачката интелегенција (AI) за да создава фантастична дигитална уметност.

Првата објава на овој релативно нов Инстаграм профил, е токму 3Д дизајн во кој се спојуваат минатото и иднината, односно препознатливите фолклорни елементи од традиционалната македонска носија и футуристички дизајн на светскиот моден бренд Баленсијага.

Во описот под фотографиите, Петар објаснува дека модата како сфера за него е непознат терен и излегување надвор од комфорната зона, но она што му било примарна цел при креирање на овие 3Д илустрации е да се прикаже како минатото може да влијае на иднината.

 

„Инспириран од интернетот и донекаде од носталгичните чувства, овој контраст го сумира мојот поглед за тоа како минатото може да влијае на иднината. Не знам речиси ништо за модата и за мене е чудна тема како за прва објава на овој Инстаграм профил, така што Баленсијага е само, интернетот што го прави своето. Но, го сакам културно наследство на мојата земја и уметноста зад уникатните традиционални македонски мотиви", се вели во објаснувањето под илустрациите.

 

Замислете 3Д илустрација на (женски)машки модел облечен во футуристичка Баленсијага облека, со традиционални македонски мотиви со дезени, црвена, црна, бела, кафеава палета на бои...

Извор: @surrealpineapple

 

Објавено:
15 јуни 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.637 пати