Како изгледа Гучи во сцени од познатите филмови на Стенли Кјубрик?

26 август 2022

Сцени од култните „The Shining", „2001: A Space Odyssey", „ Eyes Wide Shut", на брилијантниот режисер Стенли Кјубрик, се дел од новата модна кампања на Гучи.

Со овој концепт, Алесандро Микеле од челната позиција на брендот, прави трибјут на еден од најзначајните режисери на сите времиња, трансформирајќи познати филмски сцени во кои ги вметнува своите модели од колаборацијата меѓу Гучи и Адидас за сезоната есен-зима 2022.

„Чудниот „брак“ помеѓу  Адидас и Гучи беше хемиски експеримент, на најдвосмислен начин", објаснува дизајнерот.

„Па и на кампањата ѝ пристапив на сличен начин. Имав намера да ја сместам колекцијата во иконските сцени на Кјубрик, каде што мојата облека органски постои во неговиот свет, но во исто време се чувствува вонземско" вели Алсенадро подвлекувајќи дека на овој начин изразува почит кон еден од најголемите мајстори во филмската индустрија.

Фотографското дуо Мерт и Маркус ја доловија идејата на дизајнерот на најавтентичен начин, а веќе денеска е главна тема во модните магазини.

 

Објавено:
26 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
221 пати