Странските модни медиуми за најновата колекција на „Москино“ велат дека е бегство од реалноста. Во Милано вчера Џереми Скот ја претстави својата нова модна приказна, додека на 1000 милји од овој град започна војна.

А дизајнерот претстави модна бајка во која макар за момент публиката успева да се оддалечи од реалноста, што како велат модните стручњаци, е една од работите кои модата во моменти каков овој што се случува во Русија и Украина, може да ги понуди.

Не сме сигурни дека тоа е некаква утеха во моментов, но факт е дека Скот претстави колекција која го задржа вниманието на публиката во Милано.

Инспириран од остварувањето „2001: A Space Odyssey“ на Кјубрик, тој успеа да најде начин како да ги вметне ренесансните уметнички дела во модна креација.

И самиот на крај излезе во космонаутско одело, секако црвено и го означи крајот на неговата „експедиција“.

При објаснувањето на колекцијата вели дека освен од уметничките дела размислувал за мебелот при една експедиција. Да бидеме искрени, пред да знаеме од каде ја црпел инспирацијата, помисливме дека се работи за „Убавицата и ѕверот“, а се' поради „оживувањето“ на мебелот, кој го прави на мошне умешен начин, па дури и практично нослив.

Една од креациите што можеби предизвика и најмногу внимание е фустанот со натпис „Gilt Without Guilt“, потсетувајќи не' никогаш да не го криеме својот сјај и убавината што ја носиме.

Со оваа порака и ќе го завршиме текстот, а целата колекција можете да ја видите во почетната галерија.

Објавено:
25 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
185 пати