Москино се подготвува за Модната недела во Лондон, каде ќе се претстави со машка колекција. Ревијата ќе се случи следниот месец, а ова ќе биде дебитантско шоу на италијанската модна куќа во дождливиот град откако Џереми Скот е на позиција на креативен директор.
„Изборот за Лондон потекнува од желбата да прикажеме разум и смисла за хумор. Во градот каде метежот е интернационален, кастингот беше мошне интересен, а атмосферата исполнета со позитивни вибрации за првата машка колекција дизајнирана од Џереми Скот“, вели претставникот на брендот, задолжен за односи со јавноста.
Сепак, Скот не сака да ги разочара неговите омилени познати личности меѓу кои Рита Ора и Кети Пери.
„Покрај машката облека, во пред-пролетната колекција за 2015 година ќе содржи и неколку женски парчиња“, потврди брендот.
Инаку, модното шоу во Лондон е закажано за 16.Јуни.