Ворнер Брос подготвува колекција на костими

24 август 2013

Wonder-Woman-vogue-23Aug13-Alamy_b_426x639

Ворнер ја ангажираа дизајнерката Лорен Моши да создаде колекција која ќе биде тематски одредена, а ќе се однесува на костимите на суперхероите. Во колекцијата ќе бидат опфатени дел од најпознатите ликови, од Жена воин до Супермен.

„Овие ликови се дел од моето детство и костимографот во мене ќе може одлично да се поврзе со нив“, изјави Моши за американските медиуми.

Соработката ќе се однесува на капсула колекција, која ќе содржи од 30 до 35 парчиња, вклучувајќи и фустани, маици, чанти. Цената пак на парчињата ќе се двожи од 98 долари до 202 долари. Првите модели ќе се појават во американските продавници кон крајот на месецов, а останатите до крајот на февруари.

Колекцијата ќе биде достапна и онлајн.

Објавено:
24 август 2013
Категорија: 
Актуел