Nike обвинет за расизам

16 август 2013

Nike-Running-Tights--Pro-Tattoo-Vogue-16Aug13-PR_b_426x639

Nike создаде хеланки кои беа искритикувани како расистички. Всушност, она што е проблематично е нивниот монохроматски дезен, кој предизвика контроверза во Австралија и Нов Зеланд, поради сличноста со традиционалните тетоважи на мажите од Samoan Pe'a.

„Пред да лансирате нешто вакво, треба да се консултирате со тие што веќе го поседуваат шаблонот. Мислам дека Nike немале време да го направат тоа - изјави член на парламентот на Нов Зеланд, Су'a Вилијм Сио.

За да се повлечат хеланките се покрена и онлајн петиција против „директно насилство врз домородскиот народ на Пацификот како и кршење на правата на декларацијата од ОН за правата на домородските народи“. Петицијата досега ја потпишале 750 луѓе.

По ваквите реакции, Nike се извини:

„Им се извинуваме на сите што се најдоа повредени. Nike Tattoo Tech колекцијата беше испирирана од графити. Било каква навреда не беше намерна“, изјавија од брендот.

 

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Актуел