Шер и кажува збогум на модата

21 август 2013

Bob-Mackie-Cher-Vogue-21Aug13-Rex_b_426x639

 По повод прошталната музичка турнеја, Шер ја обнови соработката со долгогодишниот пријател и соработник, Боб Меки, кој беше задолжен за нејзините костими. Со тоа, Шер не само што ќе и каже збогум на музиката, таа ќе се прости  и од модата.

Според Меки, тој планира да направи околу 20 костими за претстојната турнеја, но не открива премногу за нив. Имајќи го предвид стилот на Шер, нема сомнение дека ќе биде нешто екстравагантно.

„Кога се пресоблекувате толку многу пати, вие всушност не носите ниту едно од тие парчиња, или не долго. Така што ова не е како да облекувате обична личност, туку како луда божица. Шер е понекогаш египетска божица, а некогаш моторџиска и шик божица“, вели Меки.

Боб и Шер се пријатели и соработуваат уште од 1960-тите. Во тоа време Шер се восхитуваше на неговите креации со бисери и си рече „Еден ден и јас ќе носам вакви“. И тоа и се исполни.

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Сцена