Британската дизајнерка Стела Мекартни ја има формулата за џинсот на иднината.
Креаторката која важи за еден од најголемите поборници за одржлива мода, постојано работи на својата мисија да ја покрене еко свеста особено во своето матично поле.
Во многу наврати досега таа директно делува со тоа што создава одржливи и еколошки колекции, како што беше неодамнешната соработка со Адидас за линијата вегански патики, како и имплементирање на исклучиво вештачко крзно во своите дизајни.
Последна вест од нејзината еко работилница е соработката со италијанската компанија Candiani, која е позната по тоа што креира еколошки џинс.
Врз основа на таа соработка, креаторката го најавува џинсот на иднината, кој би бил 100% биоразградлив.
„Наша директна должност е да користиме обновливи ресурси, како и да имплементираме материјали што се биоразградливи", вели дизајнерката.
Овој модел на џинс глобално ќе биде во продажба од мај годинава.
View this post on Instagram